www.vladojanevski.com.mk

Владо Јаневски

Витаминка е новиот пријател на Владо

Индустрискиот гигант од Прилеп “Витаминка” е новиот пријател на Владо Јаневски и тоа ќе биде и во следните години. Брендот кој е прогласен за “Супербренд во Македонија” потпиша договор со Владо Јаневски, и на обострано задоволство соработката ќе ги опфати сите негови студиски и концертни активности, вклучувајќи ги и неколку нови песни и видео изданија. Владо со својот бенд ќе ја увеличи прославата на 60-годишнината на постоење и успех на Витаминка кај нас и во светот, која ќе се одржи на 25-ти Јуни во кругот на фабриката. За таа цел ке пристигнат голем број гости и деловни партнери на компанијата од странство.