25 години соло кариера

Владо Јаневски

16.03.2019 | VIP Арена
„ОТКАКО СИ НЕГОВА“ ДОБИ И СПОТ

Објавена пред неколку недели а веќе голем хит, новата балада „Откако си негова“ доби и видеозапис. Режисерот Дарио Јанковиќ од Генерал Филмстудио својата визија на песната ја преточи во прекрасна пролетна приказна со помош на убавината на нашата прва Мис Вера Мештеровиќ. За првпат после долго време и самиот Владо се појавува во свој спот, а овој има и своја хрватска верзија која таму ќе се промовира во следните месеци.