НОВ МК СИНГЛ “ЉУБИ, ЉУБИ”

Точно на денот на неговиот роденден “Кроација Рекордс” го објави новиот МК сингл на Владо Јаневски насловен “Љуби, љуби”. Како и обично музиката и текстот се негови, но овој пат аранжманот и продукцијата ја направи неговиот стар соработник Борис Ѓурѓевиќ, лидерот на легендарната хрватска денс група “Колонија”. Снимана е во студијата “Боонкер” - Загреб и “Ентерпрајз” - Скопје. Хрватската верзија издавачот ќе ја објави на почетокот на 2021, како вовед во неговиот албум за тамошниот пазар.



назад

Љуби, љуби (В.Јаневски/В.Јаневски/Б.Ѓурѓевиќ)

0:00