КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Во саботата на 16 Март во ВИП Арената “Борис Трајковски” Владо Јаневски го одржа својот втор голем концерт таму, по оној во 2015 г. Преку 8000 обожаватели беа на лице место, желни да ги слушнат своите омилени хитови во изведба на Владо и неговиот стандарден бенд. Веројатно дури ни најголемите фанови не очекуваа таква вжештена атмосфера уште од првите тактови па до последната песна од овој скоро 3-часовен концерт! Се редеа добро познати стихови и рефрени, а публиката буквално сите ги пееше во здив со Владо и правеше ѕвездено небо со сбетлата на своите мобилни. Скоро неверојатно е како неговите песни експресно си го наоѓаат патот до срцата на неговата публика, а доказ е најновата балада “Откако си негова” која иако објавена само неколку недели пред концертот - цела арена ја пееше од прв до последен збор! Секој концерт на Владо Јаневски е вистински вулкан од чувства: весели песни за игра и расположение, длабоко емотивни балади и сето она помеѓу се секогаш гаранција за вечер што се памти, а фотографии имате во новата фото галерија. Да се надеваме дека на следната прилика за концертно дружење со најголемата машка пеачка ѕвезда во државата не ќе мора да чекаме повторно дури четири години.



назад

Откако си негова (В.Јаневски/В.Јаневски/Н.Братош)

0:00