25 години соло кариера

Владо Јаневски

16.03.2019 | VIP Арена
Сé е спремно за концертот на кариерата!

На 16 Март 2019 Владо и неговиот бенд ќе го одржат својот втор концерт во ВИП Арената „ Борис Трајковски“ во Скопје. Во организација на на „Прагма продукција“ сé е подготвено за големиот концерт заради кој се очекува арената да врие со добра енергија на илјадници посетители од Скопје и целата република.


Како што што во интервјуата и самиот Владо нагласи, концертот ќе биде идеална прилика да се испеат што повеќе хитови од исклучително богатиот каталог на песни кои ја красат неговата кариера.


Цената на влезниците почнува од 500 денари и може да се набават на стандардните продажни места како Југотон ГТЦ, цвеќара „ Розе“ Веро 2, и онлајн преку kupikartizase.mk