25 години соло кариера

Владо Јаневски

01.06.2018 | АРМ Стадион
Сé е спремно за концертот на кариерата!

На 1 Јуни 2018 Владо и неговиот бенд ќе го одржат најголемиот концерт под отворено небо во неговата кариера. Во организација на на „Авалон продукција“, кои истотака слават 25 години постоење одбележано со огромни успеси, се очекува на стадионот на АРМ во Градскиот парк да присуствуваат преку 10.000 гледачи од Скопје и целата република.


Концертот ќе биде идеална прилика да се сними спот за најновиот хит „Главен град на тагата“ и така да се овековечи кулминацијата на ислучително плодната кариера на Владо Јаневски.


Цената на влезниците почнува од 500 денари и се во онлајн продажба на веб страницата на Авалон и на веб страницата на Купикартизасе.