БОГАТА КОНЦЕРТНА И ДИСКОГРАФСКА ГОДИНА ЗА ВЛАДО

Во изминатите 10-ина месеци Владо Јаневски беше мошне активен и концертно и авторски. На последното издание на штипскиот „Макфест“ низ валцер ни ја подари својата верзија на животната филозофија, потсетувајќи ја својата публика за убавините на младоста и минливоста на нештата. Зимскиот период го одбележаа неговите 5 експресно распродадени концерти во скопската Филхармонија. Секој од нив беше поинаков, а ист: многу емоции, вулканска енергија меѓу него и публиката, маестралната индивидуалност на секој член од неговиот бенд. Како доказ за тоа дојде и наградата за концерт на годината во февруарското издание на „Златна Бубамара на годината“. Пред почетокот на летото неговите фанови со радост го дочекаа новиот сингл „Прекрасен ден“ кој воодушевува со препознатливата мелодичност, но и позитивната животна енергија која Владо ја преточи во уште една мајсторска текстуална лирика. Круна на летната активност секако беше концертот во Античкиот театар во Охрид. Таа топла августовска ноќ и трочасовното дружење на Владо со публиката беа овековечени со спотот кој се снимаше на самиот концерт. Нема да раскажуваме многу за тоа како беше, кој беше таму - знае!



назад

Прекрасен ден (В.Јаневски/Д.Димитров/Р.Горобец)

0:00