НОВ МК СИНГЛ „БЕЗ ТЕБЕ НЕ МЕ БИВА”

Во македонскиот етер од денес веќе плови новиот сингл на Владо Јаневски. Според првите реакции (а спротивно на насловот) новата песна и тоа како ја бива! Полетна, ритмична нумера со впечатлив љубовен текст во стилот на проверениот мајстор која лесно влегува во уво и се стреми да стане една од најдобрите брзи нумери во целокупниот негов опус. Рокерскиот аранжман и продукција се дело на неговиот долгогодишен соработник Никша Братош кој во неговото студио во Загреб одлично ја спакува емоцијата на Владо во уште еден инстант хит. Хрватската верзија е во конкуренција за традиционалниот ЦМЦ летен фестивал во Водице (Хрватска) и Кроација Рекордс ќе ја објави на крајот на април. За неколку недели се очекува и спот во продукција на “Томато”.



назад

БЕЗ ТЕБЕ НЕ МЕ БИВА (В.Јаневски/В.Јаневски/Н.Братош)

0:00